24фудбал

Абрамович го продава Челси за 2 милијарди фунти?!

Според пишувањата на Сандеј Тајмс, Роман Абрамович ја ангажирал банката од САД, Рејн Груп да направи проценка на Челси и се подготвува за продажба на клубот од Лондон.

Англија

Рускиот милијардер планира да се раздели со Челси, ова го пишува денешното издание на Сандеј Тајмс. Весникот пренесува дека Роман Абрамович ја ангажирал банката од САД, Рејн Груп да направи проценка и е подготвен да го продаде клубот за повеќе од 2 милјарди фунти.

Извор близок до Стемфорд Бриџ сепак вели дека нема вистина во ваквите стории. Веста дека Роман Абрамович го продава Челси не е нова, во јуни се говореше дека најбогатиот човек во Британија, Џим Ратклиф сакал да ги купи „Сините“.

Ваквите стории зачестија по затегнатите односи помеѓу Велика Британија и Русија, кои придонесоа визата на Роман Абрамович да не биде обновена. Бизнисменот беше приморан да ги заобиколи законите и да извади израелски пасош.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Челси, но не се отфрла можноста Роман Абрамович да дозволи влез на нов инвеститор и да продаде дел од акциите. Бнаката Рејн Груп пред неколку години посредуваше при слична зделка кога Чајна Медиа Капитал за 265 милиони фунти купи 13% од акциите на Манчестер Сити.