24фудбал

Марсело ја коментираше одлуката на Лопетеги да го извади од игра уште во 60. минута против Џирона

Бразилецот се најде во чудна ситуација за него на гостувањето на Реал Мадрид кај Џирона, откако Лопетеги се реши да го повлече од игра уште во 60. минута од средбата, тој ја коментираше одлуката на тренерот, но и вториот имаше што да каже.

Шпанија

Реал Мадрид врза две победи во низа на стартот од новата сезона во шпанската Примера, прва жртва на Кралевите беше Хетафе, а синоќа и Џирона која иако пред своја публика поведе, на крајот загуби со 1-4 од големиот фаворит.

Сепак, на тој натпревар Хулен Лопетеги, шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид направи помалку изненадувачка замена во 60 минута при водство на неговиот тим од 1-3, го извади од игра Марсело, а на теренот влезе Варан.

Бразилецот ја коментираше одлуката на неговиот тренер, признавајќи дека бил изненаден од таа ситуација.

Изненаден сум поради замената, но ја почитувам одлуката на тренерот. Сакав да го продолжам мечот бидејќи сум 100% подготвен“ рече Марсело.

Лопетеги на ова додаде дека идејата му била да ја засили левата страна на која игра Бразилецот, и неговиот тим да се фокусира на играта во воздух бидејќи противникот бил добар во тоа.