24фудбал

На Лаказет му се допаѓа мајтапот со Санчез на социјалните мрежи (ФОТО)

Францускиот напаѓач имаше интересна реакција на социјалните мрежи која секако не остана незабележана, станува збор за објава со мајтапење кон Санчез, која му се допадна на Лаказет.

Англија

Алексис Санчез од поодамна не е омилен лик во Арсенал, а незадоволството од фановите на Манчестер јунајтед од него расте веќе одреден период.

На Александре Лаказет, кој ги брани боите на Арсенал веројатно му се допаѓа мајтапот кон Санчез на социјалните мрежи, па лајкна една објава на која е направена споредба на Чилеанецот во времето кога беше во Арсенал, односно, моментално во дресот на Црвените ѓаволи.

Извесно е дека Лаказет не знае за тажната приказна на Ријад, детето кое е десно на фотографијата со кого се споредува Санчез. Неговите родители со потекло од Мароко биле големи фанови на Олимпик Марсеј, исто како и тој, но неговиот татко го загубил животот во една тешка сообраќајна несреќа додека фановите со автобус се враќале од гостување.

Ријад го изведе првиот удар од центарот на теренот од средбата помеѓу Олимпик Марсеј и Рен во францускиот шампионат.