24фудбал

Буфон нема страв од строгиот Тухел

Легендарниот италијански голман има авторитет, па веројатно нема страв од строгите правила кои Тухел ги применува во својата работа, тие обајцата се сретнаа а репортерите забележаа дека Буфон не му пречеше да запали цигара пред јавноста.

Франција

Познато е дека Томас Тухел како фудбалски стратег има строги правила во својата работа, но, Џанлуиџи Буфон како голема ѕвезда пристигна во редовите на ПСЖ кон крајот на неговата кариера, па се чини дека има голем авторитет дури и кај Тухел.

Легендарниот италијански голман беше забележан од репортерите во Париз за време на ручек со својата сопруга, но се сретна и со неговиот тренер, на Буфон воопшто не му пречеше да запали цигара пред неговите очи.

Буфон беше прв избор кај Тухел во воведните две кола на стартот од новата сезона во Лига 1, но мечот против Ангерс изминатиот викенд го помина на клупата за резервни фудбалери, а Тухел објасни дека сакал да види во кваква форма е и Алфонс Ареола.