24фудбал

Лука Модриќ е најдобриот фудбалер на сезоната!

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ ја доби наградата на УЕФА за најдобар фудбалер на сезоната, зад себе ги остави Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

Лига на Шампиони

Лука Модриќ е најдобриот фудбалер за сезоната 2017/2018, хрватскиот фудбалер ја доби најголемата награда на УЕФА.

Реал Мадрид како освојувач на Лигата на шампионите доминираше на денешното прогласување на најдобрите, па така во сите линии се најдоа играчи кои во изминатата сезона го носеа кралскиот дрес.

За најдобар голман е прогласен Кејлор Навас, Серхио Рамос е најдобриот одбрамбен играч, Лука Модриќ е фудбалерот од средниот ред, а напаѓач Кристијано Роналдо.

Најдобри за сезоната 2017/2018:

Играч: Лука Модриќ

Голман: Кејлор Навас

Одбрана: Серхио Рамос

Среден ред: Лука Модриќ

Напад: Кристијано Роналдо