24фудбал

Роналдо не се појави во Монако а неговиот агент распали по УЕФА: Ова е смешно, срамота!

Португалецот не се појави на церемонијата во Монако за извлекувањето на групите од Лигата на шампионите, но затоа пак неговиот агент се огласи и силно распали по УЕФА.

Останато

Кремот на Европа попладнево се собра во Монако за извлекување на групите во Лигата на шампионите, церемонија на која беа прогласени и најдобрите изминатава сезона.

Главната награда му припадна на Лука Модриќ, кој беше прогласен за најдобар играч во годината, и ваквиот избор го разгневи агентот на Кристијано Роналдо.

„Роналдо постигна 15 гола и го предводеше Реал до нова титула во Лигата на шампионите. Ова е смешно, срамота! Не сакам да го оспорам квалитетот на победникот, тој е најдобар на својата позиција“ – порача Жорж Мендеш кој сепак не кажа зошто ЦР7 не допатува во малото кнежевство.

Многумина се зачудени зошто Кристијано Роналдо не се појави во Монако, и до овој момент нема објаснување за неговото отсуство.