24фудбал

На Мурињо му гори под нозе, „Специјалниот“ вчера го шпиунираше Барнли (ФОТО)

„Ѓаволите“ имаат два порази во воведните три меча од новата сезона во Премиерлигата, мора да победат овој викенд па Жозе Мурињо синоќа беше на трибините на „Тур Мур“.

Англија

Сезоната за Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо не стартуваше според планот. „Специјалниот“ не ги доби засилувањата кои ги бараше а од воведните три кола, „ѓаволите“ претрпеја два порази.

Се говори дека е нарушен односот на Португалецот со неколку ѕвезди во тимот, како и извршниот потпретседател Ед Вудворд, кој не ги оствари желбите на тренерот на трансфер паарот.

Веќе уште сега се шпекулира дека се тресе столчето на Жозе Мурињо и тој би можел да добие отказ доколку овој викенд загуби на гостувањето кај Барнли.

Очигледно на Жозе Мурињо му гори под нозе, па тој вчера беше на трибините на „Трф Мур“ и го шпиунираше Барнли на дуелот со Олимпијакос во Лига Европа.

„Специјалниот“ го скенираше противникот заедно со неговиот помошник Силвино Луро и скаутот Рикардо Формосињо. Барнли исто така има очаен старт во новата сезона, со само еден бод од можни девет во Премиерлигата и елиминација од најмасовното европско натпреварување.