24фудбал

Кутроне во 95. минута донесе победа за Милан во дербито со Рома (ВИДЕО)

„Волчицата“ конечно капитулираше на Сан Сиро, откако во претходните три години си заминуваше со цел плен, Рома вечерва загуби со гол примен на 30 секунди пред последниот свиреж.

Италија

Милан ја доби дерби пресметката со Рома на отварањето на 3. коло во Серија А. „Росонерите“ се радуваа на победа откако Кутроне погоди во 95. минута.

Резултатот беше отворен на пет минути пред крајот на првиот дел, Родригез одлично се ослободи од Фазио крај гол аут линијата и го проигра Кеси кој осамен на подалечната статива рутински реализираше за 1-0.

Рома стигна до изедначување по еден час игра, Фазио најдобро се снајде по една мешаница во шеснаесетникот на Милан и со удар по земја донесе 1-1.

Само неколку минути подоцна Гонзало Игуаин се запиша во листата на стрелците, но голот му беше поништен со помош на ВАР, беше досуден офсајд откако судијата ги прегледа повторените снимки.

Аргентинецот сепак помогна Милан да се радува на победа откако на 30 секунди пред крајот извонредно го проигра Кутроне, кој пласираше во долниот агол за 2-1 и големо славје.