24фудбал

И Тотнем на менито на Ватфорд, Манчестер јунајтед конечно одигра добар меч (ВИДЕО)

Ватфорд го продолжи стартот од соништата и покрај тоа што за противник денеска го имаше Тотнем, тие победија со 2-1 за четврта победа од исто толку натпревари, Манчестер јунајтед со 2-0 славеше на гостувањето кај Барнли.

Англија

Ватфорд има максимален учинок по четири одиграни кола во Премиерлигата, заедно со Ливерпул и Челси е на врвот на табелата.

Мрежите мируваа се до 53. минута кога Дакур си постигна автогол и Тотнем поведе со 1-0.

Домаќините тргнаа поофанзивно и во 69. минута Динеј со глава реализираше за 1-1, само осум минути подоцна Каткрафт исто така со глава погоди за комплетен пресврт и водство на Ватфорд од 2-1.

До крајот на мечот Ватфорд успеа да го задржи водството и на крајот да дојде до голем триумф.

Манчестер јунајтед конечно одигра обар натпревар и со победа од 2-0 се врати од гостувањето кај Барнли.

Тимот на Мурињо играше офанзивно во текот на сите 90 минути, а домаќинот се бранеше и не создаде речиси ниту една шанса.

Лукаку беше двоен стрелец, првиот погодок го постигна со глава по убава асистенција на Санчез во 27. минута, вториот пред самиот крај на првото полувреме.

Белгиецот можеше најмалку да постигне хет-трик но не успеа да реализира уште неколку убави шанси.

Резултатот можеше да биде повисок, но Погба не реализираше пенал во 69. минута.

Две минути подоцна Манчестер јунајтед остана со играч помалку откако Рашфорд неспортски реагираше по старт врз него од страна на Бардсли.