24фудбал

Газдата на Палермо за Несторовски: Тој се соочи со една посебна ситуација, дајте му време да се врати

Македонскиот напаѓач имаше потреба од менување на средината во изминатиот преоден рок, за тоа е свесен и првиот човек на Сицилијанците, кој побара време за Несторовски да се врати во посакуваната форма.

Македонија

Илија Несторовски седо последниот ден од веќе изминатиот преоден рок бил опција на трансфер пазарот, тоа го потврди и првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини, кој побара време за Македонецот да се врати во посакуваната форма.

Мора да имаме разбирање за Несторовски, се соочи со една посебна ситуација поради тоа што седо последниот ден од преодниот рок беше опција на трансфер пазарот. Дајте му време да се врати, да работи, за тимот и за самиот себепорача Ѕампарини и самиот свесен дека Македонецот имаше потреба од менување на клубот за да игра во повисок ранг на натпреварување.

Палермо тргна со два бода во новата сезона од Серија Б откако лани не успеа да обезбеди место во елитното Серија А друштво, капитенот на Сицилијанците во првиот меч против Кремонесе (2-2) ги одигра завршните 18 минути, а веќе во следниот меч кај Салернитана (0-0) ги одигра сите 90 минути, но, не се уште нема постигнато гол во новата сезона.