24фудбал

Претседателот на Баерн Минхен со совет до ПСЖ: Сменете си го спортскиот директор

Од раководството на Бундеслигашот гневни за пристапот во преговорите за Боатенг кој го имал спортскиот директор на тимот од Париз, Хенес истакна дека Енрике не е добра „реклама“ за тој клуб.

Германија

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес упати совет до францускиот првак Париз Сент Жермен да го замени нивниот спорски директор Антеро Енрике откако Бундеслигашот го искритикува нивниот преговарач околу обидите да се стигне до потписот на Жером Боатенг, кој, на крајот остана во тимот од Минхен, а неговиот екс соиграч Бернат се пресели во Париз.

Би го советувал ПСЖ да го замени нивниот спортски директор. Тој човек не е добра реклама за клубот. ПСЖ не може да си дозволи да има еден таков спортски директор доколку посакуваат да бидат еден од најдобрите клубови во светот“ рече Хенес во однос на според за него, „некоректниот пристап“ во преговорите кој го имал Енрике.

Ние баравме 50 милиони евра, бидејќи не сакавме да се разделиме со Боатенг, и знаевме дека ПСЖ нема да си дозволи да издвои толку пари. Со тоа и одговоривме на желбата на нашиот тренер да го задржиме Боатенг во составот“ додаде тој.

Со Хенес се сложи и Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баварците кој истакна дека Баерн Минхен е клуб против кого не смее да се прават такви работи, особено не, кога се работи за еден таков фудбалер.