24фудбал

Маркизио го одбра Зенит

Легендарниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио потпиша двегодишен договор со Зенит.

Останато

32-годишниот италијански фудбалер кој ова лето го раскина договорот со Јувентус, се сели во Русија, оваа сезона ќе го носи дресот на Зенит.

Маркизио од целата своја кариера досега ја помина во Јувентус, почнувајќи од најмладите категории, стигнувајќи до првиот тим во кој имаше важна улога. Помина само една сезона на позајмица во Емполи.

Тој се поврзуваше со неколку клубови во овој преоден рок, но на крајот го одбра Зенит.

Зенит игра во Лига Европа, во групата Ц заедно со Копенхаген, Бордо и Славија Прага.