24фудбал

Лудата теорија на Островот која му носи титула на Ватфорд во Премиерлигата

Постои една луда теорија на Островот по која се вели дека патот на Лестер до историската шампионска титула во Премиерлигата не е идентичен, туку „копија“ од патот на Ватфорд во моментов, чудата се возможни, но, колку е тоа реално...

Англија

Само една година пред Лестер да го подигне историскиот шампионски пехар во најсилната фудбалска конкуренција во Англија, таа екипа заврши на 14 место на табелата со 41 освоен бод.

Учинокт од 11 победи, 8 ремија и 19 порази, значеше дека Лестер е фаворит за испаѓање од елитното друштво на Премиерлигата во идната сезона 2015/16, но тимот на тогашниот тренер Клаудио Раниери направи подвиг за кој долго ќе се зборува.

А сега и за теоријата која на Островот е доста интересна на социјалните мрежи во моментов, минатата година беше „копија“ за Ватфорд од онаа на Лестер, па така тие завршија на 14 место со 41 освоен бод, со учинок од 11 победи, 8 ремија и 19 порази.

Ватфорд со максимален ефект од четири победи од исто толку одиграни натпревари во новата сезона од Премиерлигата, е рамо до рамо со Ливерпул и Челси на врвот од табелата.

Чудата се возможни, но, дали оваа теорија е реална и дали во продлжение ќе видиме „копија“ од подвигот на Лестер, останува да видиме.