24фудбал

Газета ги откри платите во Серија А, Роналдо за шест дена заработува колку Пандев за цела сезона (ФОТО)

Кристијано Роналдо е далеку најплатениот фудбалер во Серија А, Португалецот заработува 31 милиони евра по сезона, за разлика од него, нашиот Горан Пандев има скромна плата од 500.000 евра

Италија

Исто како и секоја година, „Газета дело Спорт“ ги обелодени платите на сите во Серија А. За разлика од претходните изданија, на врвот сега е убедливо Кристијано Роналдо, ЦР7 има годишни примања од 31 милион евра по сезона откако ова лето се пресели во редовите на Јувентус за рекордни 112 милиони евра.

Португалецот заработува три пати повеќе од следниот на листата, Гонзало Игуаин кој по трансферот во Милан има плата од 9,5 милиони евра. Кристијано Роналдо исто така има четири пати поголема плата од вториот најплатен играч во Торино, Пауло Дибала (7 милиони евра).

Во споредба со ЦР7, нашиот Горан Пандев има скромна годишна плата од 500.000 евра, сума која Кристијано Роналдо ја заработува за шест дена.

„Старата Дама“ има дури 12 преставници во најдобро платените 20 играчи, па сосема очекувано има и далеку најголем буџет за плата во Калчото од 219 милиони евра. Втор на оваа листа е Милан со 140 милиони евра, а трет е Интер со 116 милиони евра.

Клубовите од Серија А оваа сезона за плати ќе одвојат рекордни 1,129 милјарди евра.