24фудбал

Суарез за Погба: Секогаш е добредојден во Барселона

Фудбалерот кој не игра на нивото на кое сите се навикнати да го гледаат, беше поврзуван со голем трансфер на Камп Ноу изминатиот летен преоден рок, од таму пристигнуваа коментари за тоа дека ќе биде добредојден во тимот, а неговиот агент Мино Рајола според шпекулациите имал контакт со шпанскиот гигант.

Шпанија

Ѕвездата на Барселона, Луис Суарез се приклучи на коментарите на својот соиграч, Џерард Пике во тоа дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба секогаш би бил добредојден на Камп Ноу.

Погба е фудбалер со огромни квалитети во себе, тој веќе освои се’. Мислам дека во него има натпреварувачки дух за нешто повеќе од ова во моментов. Погба не е фудбалер кој и припаѓа на Барса, но секогаш би бил добредојден во овој клуб“ рече Суарез.

Како за потсетување, Пике пред да биде спуштена завесата во летниот преоден рок, за Погба истакна дека „би биле среќни да го имаат во нивниот тим“.