24фудбал

Мората признава: Ланската година беше катастрофа, излегував на терен и не знаев каде сум

Шпанскиот напаѓач не крие дека размислувал да се врати во Италија по како што вели, „катастрофалната“ година мината во Челси, додава дека кога ќе излезел на теренот, не знаел каде се наоѓа.

Англија

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Алваро Мората признава дека помислил на тоа да се врати во Италија изминатиот преоден рок, по „катастрофалната“, како што вели, сезона во редовите на Челси.

Ланската година не бев среќен, себеше катастрофално, излегував на теренот и не знаев каде се наоѓам“ рече Мората кој минатата сезона успеа да постигне само 11 погодоци.

Летово размислував за опцијата да играм повторно во Шпанија, или да се вратам во Италија, на крајот останав во Англија и ќе морам да си ја вратам формата назад“ додаде напаѓачот кој со Челси во новата сезона завележа четири максимални победи, а тој постигна еден гол на истите.