24фудбал

Бунт во репрезентацијата на Данска, против Словачка и Велс со аматери во составот

Данска се соочува со сериозни проблеми, и претеше целосно исфрлање од сите натпреварувања, па таа фудбалска земја најде начин како да избегне голема суспензија по бунтот кој настана во селекцијата поради контроверзниот, според репрезентативците, спонзорски договор.

Останато

Вечерва предвидено е да се одигра контролка помеѓу Словачка и Данска, сите очекуваа интересна пресметка помеѓу двете селекции, но, ништо од тоа нема да има, мечот ќе се одигра, но истиот ќе биде со аматерски состав на гостинскиот табор.

Причината е бунтот кој настана кај репрезентативците на Данска откако главниот спонроз на селекцијата сакаше да ги искористи фудбалерите за сопствена промоција, иако поголемиот број од нив имаат свои договори со други компании кои секако мораат да ги испочитуваат.

Договорот кој е потпишан од куќата на фудбалот во Данска и спонзорот доведе до бунт кај репрезентативците кои решија да не настапат за таа селекција.

Со тоа, вечерашната контролка против Словачка, селекцијата на Данска ќе го одигра со аматери од нисколигашките клубови, а прволигашите не ги ослободија своите играчи за да не се мешаат во спорот со кој и се закануваше голема суспензија на Данска од сите натпреварувања.

По контролката со Словачка, ќе следи и првиот меч за Данска во Лигата на нации.