24фудбал

Клоп ги предупреди ривалите: Моите фудбалери допрва ќе играат на највисоко ниво

Германскиот фудбалски стратег уверува дека најдоброто од неговите фудбалери допрва доаѓа, Ливерпул тргна со максимален учинок од победи во новата сезона во Премиерлигата, а Клоп вели дека неговите избраници се уште не играат на највисоко ниво.

Англија

Јирген Клоп го предводеше Ливерпул во четири победи од исто толку натпревари на стартот од новата сезона во Премиерлигата, но, чувствува дека постои уште многу повеќе кое ќе дојде во продолжението од сезоната од неговите фудбалери.

Фудбалерите се уште не играат на своето највисоко можно ниво. Тоа е така поради се наоѓаме на самиот старт од сезоната, сето тоа е нормално“ рече германскиот фудбалски стратег.

Ливерпул засега триумфираа во дуелите со Вест Хем, Кристал Палас, Брајтон и Лестер, постигна девет, а прими еден гол од тие натпревари.

Сепак, вистинските предизвици за тимот на Клоп допрва доаѓаат, Ливерпул има мошне тежок распоред, особено за овој месец каде ќе ги одмери силите со Тотенхем, Саутемптон и Челси во Премиерлигата, а во Лигата на шампионите ќе се судри со ПСЖ.