24фудбал

Ангеловски: Со вистински пристап до победа против Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација утре против Гибралтар на гостински терен го започнува новото натпреварување, Лига на нации.

Македонија

Македонија има историска шанса да се пласира на Европското првенство, а за тоа да се случи треба да триумфира во четвртата лига од Лигата на нации.

Натпреварувањето го почнуваме против Гибралтар, фаворити сме и се освен победа на овој дуел ќе биде неуспех.

„Ги реализиравме подготовките за натпреварот против Гибралтар. Се навикнавме на временските услови и на условите за игра, пред се на теренот. Верувам во моите фудбалери и убеден сум дека ќе оствариме позитивни резултати. Нема да експериментираме со тимот, ќе настапат најдобрите. Верувам дека сите ќе имаат вистински пристап и со победа ќе започнеме во ова натпреварување, изјави Ангеловски на денешната прес конференција.

Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија се игра во утре (четврток) со почеток од 20:45.