24фудбал

Братучедот на Роналдо: Откако ја освои ЛШ во 2008. година, ноќта кога се врати во Манчестер...

Њуњо Вивеирош живееше со Роналдо пет години во Манчестер, за јавноста сподели едно неверојатно искуство од тој период, поточно, се работи за тоа што правел Португалецот ноќта кога се вратил во Манчестер по освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите во 2008. година.

Лига на Шампиони

Во сезоната 2007/08 тимот на Манчестер јунајтед тогаш предводен од Алекс Фергусон на клупата, го освои драгоцениот трофеј од Лигата на шампионите, по драмата во големото финале во Москва против Челси каде победникот се решаваше по изведување на удари од белата точка.

Мечот во регуларните 90 минути игра беше израмнет, Роналдо во 26. минута го отвори резултатот, а на 1-1 израмни Лампард во финишот од првиот дел, тоа беше резултат до крајот на средбата и по двете продолженија.

Тогаш Роналдо не успеа да го совлада Чех од белата точка, Тери ја имаше меч топката во свои раце, се лизна пред самиот удар од белата точка и топката заврши крај голот, Андерсон веднаш потоа погоди и го израмни резултатот, трагичар за Сините на крајот беше Ањелка чиј обид беше прочитан од страна на Ван Дер Сар.


Братучедот на Роналдо, Нуњо Вивеирош во интервју за Тутоспорт откри детали за тоа што правела португалската ѕвезда на свои 23 години веднаш по освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите. 

Живеев со него во Манчестер цели пет години, тоа беше незаборавно искуство за мене во животот. Ноќта кога тимот ја освои Лигата на шампионите во 2008. година, дали се сеќавате на финалето во Москва против Челси кое заврши на пенали? Тери не успеа да погоди, а на крајот тоа не му успеа ниту на Ањелка...“ изјави Вивеирош.

Дали знаете што правеше Роналдо кога се врати во Манчестер таа ноќ? Отиде да тренира, отиде да тренира откако стана шампион на Европа на свои 23 години...“ додаде тој.