24фудбал

Модриќ: Роналдо ми честиташе за наградата од УЕФА, рече дека сум ја заслужил

Лука Модриќ вели дека односот помеѓу него и Кристијано Роналдо е добар откако тој го победи својот поранешен соиграч во трката за фудбалер на годината во изборот на УЕФА

Останато

Кристијано Роналдо не се појави на церемонијата во Монако кога УЕФА ги прогласуваше најдобрите за изминатата сезона, a беа извлечени и групите за Лигата на шампионите. Се шпекулираше дека ЦР7 бил лут откако бил известен дека нема да ја добие наградата за фудбалер на годината, која му беше доделена на Лука Модриќ.

По крајот на церемонијата агентот на Португалецот силно распали по европската куќа на фудбалот, Жорж Мендеш истакна дека изборот бил смешен и срамен, а со критика на социјалните мрежи се огласи и сестрата на Кристијано Роналдо.

Но по вечерашната пресметка помеѓу Португалија и Хрватска, Лука Модриќ истакна дека односнот помеѓу него и ЦР7 е добар. Плејмејкерот откри дека добил честитки од поранешниот соиграч, кој му кажал дека ја заслужил наградата.

„Имам добар однос со Роналдо, и тој ќе остане таков. Индивидуалните награди се важни за мене, но не сум опседнат со нив. Веќе разговарав со Кристијано, ми испрати порака, ми честираше, рече дека е среќен за мене и дека ја заслужувам наградата. Исто така порача дека сака наскоро да се видиме“ - вели Модриќ.

Хрватот и Португалецот ќе се борат за уште еден индивидуален трофеј откако се најдоа помеѓу тројцата финалисти во изборот на ФИФА.

„Среќен сум што сум помеѓу финалистите (за наградата „Бест“), и што треба да се случи, ќе се случи. Има луѓе кои одлучуваат за тоа“.