24фудбал

Реал Мадрид може и без Роналдо, вели Иско

Реал Мадрид ја почна новата ера без Кристијано Роналдо, засега се' оди според планот на Хулен Лопетеги кој внесе нов стил на игра на Кралевите, а Иско вели дека Португалецот не им недостасува во тимот.

Шпанија

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско тврди дека на европскиот првак не му недостасува во тимот Кристијано Роналдо кој во летниот преоден рок направи трансфер во редовите на Јувентус.

Кралевите ја почнаа новата ера без португалската ѕвезда во тимот, а Иско вели дека останатите во тимот веќе пополнуваат дупката која остана со неговото заминување, а тоа го прават мошне успешно.

Кристијано е неверојатен фудбалер, тој гарантира 40 до 50 погодоци, но, кога победуваме, велат дека не ни недостасува во тимот, кога нема да победиме, го велат спротивното“ вели Иско.

Играме многу добро во моментов, фудбалерите кои не постигнаа многу голови во ланската сезона, играат во одлична форма, во моментов не ни недостасува во тимот, му посакувам се најдобро во тимот на Јувентус додаде тој.

Реал Мадрид тргна добро во новата сезона од Примера, со 10 постигнати погодоци од три натпревари, со само два примени засега и максимален учинок на победи.