24фудбал

Лопетеги: Бејл и Бензема тренираат како деца

Хулен Лопетеги го објасни начинот на кој Бејл и Бензема се однесуваат на тренинзите на Кралскиот клуб, додаде дека само една работа е променета кај фудбалерите од неговото доаѓање досега а се осврна и на тоа дали едно заминување во тимот има влијание.

Шпанија

Засега заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид не влијае во играта на европскиот првак, Лопетеги ги издвои Бејл и Бензема за кои потенцираше дека тренираат како деца, мислејќи дека во нив има голем ентузијазам, тој додаде дека единствено нешто што се променило од неговото доаѓање е зголемената мотивација кај фудбалерите.

Тие се како деца на тренинзите, многу ентизујастички им пристапуваат“ истакна Лопетеги.

Никој не се сменил досега (од неговото доаѓање), зборуваме за фантастични фудбалери, едни од најдобрите во светот, можеби разликата е во тоа што нивната мотивација се подобрува од ден на ден“ додава шефот на стручниот штаб на Кралевите.

Тој се осврна и на тоа дали во тимот недостасува Роналдо, во однос на тоа истакна дека заминување на еден фудбалер не би сменило ништо во фактот дека Реал Мадрид е одличен тим.

Ние сме еден одличен тим, не постои сомневање во тоа, заминувањето на еден фудбалер (Кристијано Роналдо) не би сменило нешто во однос на тоа дека сме одличен тим“ заврши Лопетеги.