24фудбал

Сане ја напушти германската репрезентација

Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане го напушти хотелот на германската репрезентација по разговор со Јоаким Лев, нема да биде во комбинација за дуелот со Перу.

Германија

Сане беше изоставен од селекцијата на Германија за Светското првенство, но влезе неколку минути како замена на мечот со Франција во Лигата на нации.

Сепак денеска по разговор со Јоаким Лев ја напуштил репрезентацијата. Во официјалното соопштение тој заминал поради приватни причини.

Претходно соиграчот од репрезентацијата Тони Крос изјави дека Сане не го исполнува потенцијалот кој го има и мора да го подобри своето однесување.

„Тој е играч кој има се што треба за да биде фудбалер од светска класа, но понекогаш треба да му кажете да игра подобро“, вели Крос.