24фудбал

Зидан најави дека наскоро ќе му се врати на фудбалот, има ли нешто во шпекулациите за преселба во Манчестер јунајтед?

102 дена по заминувањето од Реал Мадрид, Зинедин Зидан размислува да му се врати на фудбалот, Французинот не откри каде и само порача дека набрзо ќе има ангажман

Англија

Во последно време Зинедин Зидан се најавува како наследник на Жозе Мурињо на кормилото на Манчестер јунајтед. Се говори дека Французинот е подготвен да скокне доколку „Специјалниот“ добие отказ, и наводно веќе има составено и листа со желби и ги има идентификувано играчите кои сака да ги донесе на Олд Трафорд.

Во разговор со ТВЕ, Зинедин Зидан не ги прокоментира овие гласини, но порача дека наскоро ќе му се врати на фудбалот.

„Сигурен сум дека наскоро одново ќе работам како тренер. Фудбалот е мојот живот, уживам во него и набрзо ќе имам ангажман“ - истакна Зизу откако го гледаше натпреварот на својот син Елјаз во академијата на Реал Мадрид.