24фудбал

„Челси почна да продава дресови со моето име, па Реал Мадрид за инает ме продаде на Манчестер Сити“

Една од поинтересните трансфер приказни се случи во 2008 година кога во главна улога беа Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити.

Англија

Станува збор за трансферот на Робињо од Реал Мадрид во Манчестер Сити. Бразилскиот фудбалер открива дека требал да потпише за Челси, но еден момент ги променил работите.

„Сакав да одам во Челси, Сколари ми рече дека ќе можам да правам разлика за него во тимот. Како и да е, Реал Мадрид го стопираше трансферот бидејќи не им се допадна тоа што Челси почна да продава дресови со моето има пред зделката да биде комплетирана“, открива Робињо.

„Сигурен сум дека тоа беше причината што пропаднаа преговорите, беше повредена гордоста на Реал Мадрид. Челси играше во Лигата на шампионите, Сити не беше уште таму“.