24фудбал

„Ако мораш да играш со еден ваков Жоргињо, тогаш мојот Монтоливо е многу подобар“

Искусниот 33 годишен фудбалер на Росонерите не само што е отпишан кај Гатузо, отпишан е и кај Манчини во селекцијата на Италија, неговиот агент смета дека тоа е скандалозно.

Останато

Агентот на Рикардо Монтоливо тврди дека фудбалерот на Милан е многу подобар за националниот состав на Аѕурите во средниот ред отколку Жоргињо.

Тешко дека Монтоливо ќе остане во Милан уште подолг период, откако неговиот договор ќе истече идното лето, тој веќе не е во плановите на Џенаро Гатузо, а веќе е отстранет и од селекцијата од страна на Роберто Манчини.

Како и да е, неговиот агент Џовани Бранчини во изјава за Кориере дело Спорт истакна дека неговиот фудбалер е многу подобар во однос на Жоргињо.

Доколку мораш да играш со еден ваков Жоргињо во националниот тим, тогаш можам слободно да кажам дека мојот Монтоливо, кој беше скандалозно отстранет, е многу подобар“ изјави Бранчини.

Монтоливо нема настап за Италија веќе една година, по оние две минути кои ги доби како прилика против Израел минатиот мај, Жоргињо веќе зазема место во плановите на Манчини за средниот ред на Аѕурите.