24фудбал

Тухел одлучи, Буфон е легенда, но ќе биде резерва во ПСЖ

Легендарниот Џиџи Буфон ќе биде резервен голман на ПСЖ, тренерот Томас Тухел одлучи Алфонс Ареола да биде број 1.

Франција

Буфон дојде како слободен агент во ПСЖ по 17 години поминати во Јувентус. Беше најавен како големо засилување, но во продолжението од сезоната ќе биде на клупа.

Буфон стартуваше на првите три натпревари од сезоната, потоа Ареола го завзема неговото место на следните три меча. Тухел одлучи Французинот кој потекнува од академијата на ПСЖ да биде прв голман на тимот.

„Да, одбрав. Одлуката не е конечна, но му кажав на Алфонс дека според мене тој е во пол позиција за прв голман“, изјави Тухел.

„Тој доаѓа од тренинг центарот на ПСЖ, и сака да се докаже себе си во ПСЖ. ПСЖ е се за него“.

„Тоа е ситуација која мора да биде почитувана и од која клубот мора да има бенифит. Мораме да бидеме горди со ваквите фудбалери, тоа се играчи кој ја имаат душата на ПСЖ“.

„Ситуацијата со Буфон е поинаква, тој е легенда, идол на Алфонс кој е на негова страна. Тоа се двајца голмани кои имаат многу силен персоналитет“.

„Буфон не е само играч на клупата, тој е човек кој има големо влијание во тимот секој ден“.