24фудбал

Барса и Жирона официјално побараа да играат во Мајами

Барселона, Жирона и Ла Лига денеска испратија писмо до Фудбалската федерација на Шпанија и побараа дозвола мечот да го одиграат во Мајами

Шпанија

Идеата на Хавиер Тебес меч од првенството на Шпанија да се игра во Северна Америка предизвика многу контроверзии и голема дебата. Иако имаше многу негативни реакции, Ла Лига не се откажува од намерата и 15 годишниот договор кој е потпишан со компанијата Релевент.

Првиот меч кој треба да се игра преку барата е дуелот помеѓу Жирона и Барселона, и двата клуба заедно со Ла Лига денеска и пишаа на Фудбалската федерација на Шпанија.

Во писмо потпишано од претседателите Делфи Хели, Жосеп Мариа Бартомеу и Хавиер Тебас, се бара дозвола за дуелот од 21. коло помеѓу Жирона и Барселона да се одигра на „Хард Рок“ Стадионот во Мајами на 26. јануари следната година.

Еден од проблемите за ваков меч е начинот на кој ќе се компензираат локалните фанови, како и лицата кои поседуваат сезонски тикети. Барслона, Жирона и Ла Лига во писмото до федерацијата имаат објаснето како ќе биде извршено обесштетувањето, и се говори дека за ова веќе зелено светло дало „Афисионес Унидас“ (асоцијација на фан клубови).

Останува да се види каква ќе биде одлуката на ФФШ со оглед на тоа дека претседателот Луис Рубиалес се спротивстави на идеата и беше еден од критичарите на овој проект, кој не е поддржан ниту од Унијата на професионални фудбалери од Шпанија, кои се заканија со штрајк.