24фудбал

Вест која ги израдува фановите на Интер, се подготвува нешто од големо значење за клубот

Калчолигашот се подготвува за овосезонските настапи во Лигата на шампионите, фановите со нетрпение очекуваат химната на тоа елитно европско клупско натпреварување да одекне во Милано, а се најавува договор кој сигурно ќе ги израдува.

Италија

Интер е близу до договор со својот најдобар фудбалер во екипата, Мауро Икарди, околу ставање потпис на нов договор и продолжување на верноста на Аргентинецот со Нероаѕурите, шпекулациите кои пристигнуваат од Италија, велат дека во преговорите останале уште да се договорат бонусите.

Тимот од Милано е на прагот да го задржат својот капитен на подолг рок, а Газета дело Спорт наведува дека Икарди би можел да потпише нов договор кој би го обврзал на верност со клубот до 2023. година, со годишна плата до 6 милиони евра.

Постои некаков договор помеѓу фудбалерот и клубот, но, од Италија наведуваат дека се уште се преговара за бонусите кои би биле вметнати во самиот нов договор.

Најавите велат дека во следните неколку седмици преговорите помеѓу обете страни ќе завршат и со финална официјализација.