24фудбал

Надежите имаа водство од 3-1, го прокоцкаа во финишот и на крајот ремизираа против Ерменија

Избраниците на Илиевски паднаа во финишот од средбата во Скопје од која можеа да дојдат до победа од големо значење, победа која ќе ја зголемеше самодовербата во тимот за предизвиците кои претстојат.

Македонија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година беше на прагот да стигне до двојна победа против соодветната селекција на Ерменија во квалификациите за пласман на Европското првенство во Италија идната година.

Шансите за некаков успех во групата „7“ од поодамна се загубени, но, избраниците на Добринко Илиевски денес иако имаа водство од 3-1 седо завршницата од средбата која се одигра во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“, на крајот ќе се задоволи со бод откако гостите со два гола во финишот избегнаа пораз.

Атанасов во 26. минута ја доведе во почетно водство нашата селекција, а во второто полувреме Аветисјан со гол од пенал во 56. минута израмни на 1-1.

Македонија врати во иста мера, па Здравковски во 73. минута успешно реализираше од белата точка, но, иако сите очекуваа победа, се случи неверојатен пад во играта во самата завршница од средбата.

Најнапред Амановиќ со автогол намали на 2-3, а конечните 3-3 ги постави Аветисјан.

Македонија: Стевковски, Амановиќ, Тодоровски, Маневски, Трајановски, Здравковски, Јевтовски, Ѓорѓев, Ристовски (Крстовски 61’), Атанасов (Фазлагиќ 71’) и Митровски (Крстовски).

Ова е четврти освоен бод за нашите надежи, со тоа се искачија на петтото, претпоследно место во групата, го избегнаа дното каде во моментов сега е Гибралтар, преостануваат уште дуелите против Русија на гости, односно Гибралтар на домашен терен во завршницата од овие квалификации.


Фото-вест: Архива