24фудбал

Мечот на Македонија против Ерменија во Скопје го следеле скаути на Манчестер Сити, Бенфика и Борусија Дортмунд?

Македонскиот фудбалски бисер од поодамна е желба на повеќе европски гиганти, турските медиуми пренесоа дека Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Бенфика имале свои скаути во Скопје да ја проследат неговата игра против Ерменија.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација успешно ги стартуваше своите настапи во најновото натпреварување под капата на УЕФА, Лигата на нации, најнапред сосема очекувано избраниците на Ангеловски триумфираа кај аутсајдерот Гибралтар, а потоа славеа и на вистинскиот тест, на домашен терен против Ерменија.

Македонија со 2-0 беше поуспешна од Ерменија во Скопје, а одлично издание имаше нашиот фудбалски бисер и интернационалец од редовите на турскиот гигант Фенербахче, 18 годишниот Елиф Елмас кој ги одигра сите 90 минути од тој меч.


Турските медиуми на големо пренесуваат дека три европски гиганти имале свои скаути на средбата во Скопје, станува збор за Манчестер Сити, Бенфика и Борусија Дортмунд, со свои очи да се уверат во огромниот талент со кој располага Елмас

Дел од тамошните медиуми повторија тоа што се шпекулираше од поодамна, а тоа е дека шефот на стручниот штаб на англискиот првак, Пеп Гвардиола има листа на желби од сите годишни категории, а токму нашиот Елмас е на првото место на таа листа за фудбалери до 18 години.


Веста дека Манчестер Сити и Бенфика го засилиле темпото да стигнат до потписот на Македонецот веќе ја пренесоа повеќе медиуми во Турција...