24фудбал

Хрватска го доживеа највисокиот пораз во историјата! (ВИДЕО)

Хрватска доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Шпанија откако загуби со неверојатни 6-0, вицешампионот од Светското првенство во Русија се посрамоти.

Останато

Многу брзо по најголемиот успех во историјата, Хрватска го доживеа највисокиот пораз откако постои нивната фудбалска репрезентација, загубија на гостувањето кај Шпанија со 6-0.

Модриќ и соиграчите беа непрепознатливи, по три гола примија во двете полувремиња. Саул Нигез ја отвори серијата голови, а во првите 45 минути погоди и Асенсио, третиот гол беше дело на голманот Калиниќ

Во второто полувреме погодија и Родриго, Серхио Рамос и Иско кои ја комплетираа мизеријата на Хрватите.

Од лига А, денеска убедлива победа славеше и Белгија која со 3-0 победи на гостувањето кај Исланд.

Во лига Б, Босна и Херцеговина со 1-0 славеше над Австрија. Со истиот резултат во лига Ц Финска беше подобра од Естонија, а Унгарија со 2-1 ја совлада Грција.Во последната лига Д, Луксенбург со 3-0 победи на гостувањето кај Сан Марино, немаше голови на мечот меѓу Молдавија и Белорусија.