24фудбал

Бразил го растури Ел Салвадор, Ришарлсон во главната улога! (ВИДЕО)

Бразил со убедливи 5-0 го победи Ел Салвадор во пријателски натпревар, а на овој меч се роди нова бразилска ѕвезда, напаѓачот на Евертон, Ришарлсон.

Јужна Америка

Ришарлсон кој во голем стил ја почна сезоната во Евертон, вчера блесна и во бразилската репрезентација, постигна два гола, а врз него беше направен и пенал.

Во четвртата минута од мечот беше соборен во шеснаесетникот, судијата покажа пенал, а Нејмар погоди за водство на Бразил од 1-0.

Десетина минути подоцна Ришарлсон постигна фантастичен погодок за водство од 2-0. Во 30. минута погоди Кутињо за убедливи 3-0.

По пет минути игра во второто полувреме, нов гол на Ришарлсон, овој пат за 4-0. Точка на мечот стави Маркињос со глава во 90. минута.

За разлика од Бразил, Аргентина синоќа немаше расположливи стрелци, одигра без голови на гостувањето кај Колумбија.