24фудбал

Наместо полицијата, „Делиите“ се справуваат со тапкароши, одземале карти наменети за препродавање! (ФОТО)

Навивачи на Црвена звезда одлучија сами да се справуваат со препродавачите за натпреварите од Лигата на шампионите, една таква акција се случи во Лесковац.

Лига на Шампиони

Влезниците за натпреварите на Црвена звезда од Лигата на шампионите се распродадоа во рекордно време. Како што се очекуваше дел од картите дојдоа до препродавачи кои веќе почнаа да ги нудат на интернет.

Се појавија понуди во Лесковац, пакет билети за сите натпревари по цена од 600 евра, а поединечна влезница 200 евра.

Тоа не им се допадна на навивачите на Црвена звезда, па „Делиите“ стапија веднаш во акција. Ги пронашле препродавачите, им ги одземале влезниците и ќе ги вратат во белградскиот клуб кој треба повторно да ги продаде.

Работата која треба да ја извршува српската полиција, во свои раце ја земаа навивачите на Црвена звезда кои најавија уште вакви акции.