24фудбал

Газдата на Палермо се закани со стопирање на лигата: Или Серија А, или 50 милиони евра

Првиот човек на Сицилијанците и натаму не губи надеж во остварувањето на минатосезонската цел која на крајот не се оствари, Палермо не успеа да избори враќање во Серија А, а се најавуваат радикални чекори на клубот во чии редови настапуваат Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Италија

Влогот за враќање во елитното друштво на фудбалска Италија, Серија А, беше голем за Палермо, клубот го задржи во своите редови најдобриот фудбалер и капитен на екипата, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, но, целта од минатата сезона не се оствари.

Сицилијанците останаа во Серија Б откако во финалниот меч во плејоф рундата најпрво на домашен терен триумфираа со 2-1, а на гости во реваншот загубија со 2-0 во еден крајно контроверзен меч каде резервистите на домаќинот фрлаа топки на теренот, а од Палермо имаа што да коментираат и на делењето на правдата.

Маурицио Ѕампарини, газдата на Палермо и натаму е убеден дека постои опција како неговиот клуб да се најде, според него заслужено во елитното друштво, вели дека се разгледуваат сите опции, најави стопирање на лигата, а доколку не се оствари правдата, како што тој вели, „некој ќе мора да плати штета од 50 милиони евра“ на Сицилијанците.

Ги разгледуваме сите можни опции кои ги имаме на располагање, ќе побараме лигата да биде стопирана и Палермо да влезе во силното друштво. Тоа е правда, доколку истата ја испочитувавме, во тој случај Фросиноне би останал во Серија Б“ смета Ѕампарини.

Лигата само што започна, може да се врати во нормален тек, или тие ќе мораат да платат најмалку 50 милиони евра штета“ додаде првиот човек на Сицилијанците.