24фудбал

Келаифи не го „есапи“ Ливерпул: Мораме да посветиме максимално внимание против Наполи

Парижаните се најдоа во мошне интересна група во новата сезона од Лигата на шампионите, иако играат во конкуренција каде ќе имаат двомеч против европскиот вицепрвак, за нив, најголемата опасност во групата доаѓа од Наполи.

Лига на Шампиони

ПСЖ е несомнено еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите, францускиот првак има голем квалитет во своите редови кои се чини дека му дојде времето кога мора да го демонстрира и во елитното европско клупско натпреварување.

Ждрепката за групите посака францускиот првак да се најде во конкуренцијата „Ц“, во друштво на Ливерпул, Наполи и Црвена Звезда, а претседателот на тимот од Париз не го зема во предвид англискиот тим кој играше во финалето од ланската сезона.

Наполи е противник на кого треба да обрнеме максимално внимание, тоа ќе биде интересен двобој“рече Келаифи и додаде пофални зборови за претседателот на италијанскиот калчолигаш за кого истакна дека му се допаѓа начинот на Де Лаурентис кој го води клубот.

Келаифи го коментираше трансферот на Роналдо во Јувентус, рече дека е изненаден, и додаде дека екипата од Торино со Португалецот има силен состав, и воедно го вметна во главните фаворити за титулата од Лигата на шампионите сезонава.