24фудбал

Далиќ по дебаклот од Шпанија: Пораз од кој мораме да извлечеме поука

Селекторот на Коцкестите повика да се извлече поука од високиот пораз кај Шпанија со 6-0, вели, не се кае поради одлуката да остане на селекторската позиција, додаде дека целта е нов голем успех, и тоа на следното Европско првенство, квалитет за остварување на тоа постои, вели тој.

Останато

Светскиот вицепрвак Хрватска доживеа дебакл на гостувањето кај Шпанија во второто коло од групата „4“ во Лигата на нации, во Елче Коцкестите примија дури шест погодоци, а не постигнаа ниту еден во спротивната мрежа.

Селекторот Златко Далиќ по мечот подвлече дека од тој пораз мора да се извлече поука, додаде дека не се кае што остана на селекторското столче а додаде дека има квалитет до повторување на успехот од Русија, овој пат на следното Европско првенство.

Ова е пораз од кој мораме да извлечеме поука, не бев еуфоричен во Русија, нема ниту да паднам по ова, не се каам поради тоа што донесов одлука да останам на клупата на оваа репрезентација, не погрешив, заедно со фудбалерите имаме цел, тоа е одличен резултат на следното Европско првенство“ рече Далиќ.

Селекторот на Коцкестите додаде дека неговиот тим има квалитет да го повтори успехот од Русија, истакна дека е способен да ги предводи неговите избраници до голем успех.

Шпанија е прва во групата со максимални 6 бода засега, освен против Хрватска, триумфираше и над Англија, и тоа на гостински терен со 1-2. Во следното коло Коцкестите на 12 октомври на домашен терен ја пречекуваат Англија.