24фудбал

Шкендија рутински преку Кожув до осминафиналето од Купот

Бранителот на куп-трофејот во нашиот домашен фудбалски шампионат немаше проблеми против гевгелискиот клуб, победникот беше решен уште по само 45 минути игра.

Македонија

Тимот на Ќатип Османи по само едно полувреме најавија победа од дуелот против Кожув на гости во рамките на 16 финалето од националниот Куп на Македонија, откако по првите 45 минути игра резултатот гласеше 0-2 за фаворитот.

Шкендија поведе преку Ибраими во 13. минута, а конечниот исход од средбата го постави Имери во 28. минута.

Претходно оваа пресметка беше откажувана поради обврските кои тетовските црвено-црни ги имаа на европска сцена, како и поради репрезентативната пауза.

Место во осминафиналето веќе обезбедија Победа, Кораб, Беласица, Скопје, Работнички, Академија Пандев, Кит Го Пехчево, Брегалница, Вардар, Пелистер, Гостивар, Силекс, Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров.