24фудбал

Реал и Нејмар имаат пакт за 2019, но...

Според пишувањата на францускиот портал „Ле10спорт“, Реал Мадрид и Нејмар начелно се договориле за трансфер во 2019, но и понатаму останува потешката задача и согласност помеѓу „Кралевите“ и ПСЖ

Шпанија

Бразилецот изминатово лето во голем број наврати се поврзуваше со Реал Мадрид, Нејмар се најавуваше како новиот „галактико“ и наследник на Кристијано Роналдо но ПСЖ не помислуваше за продажба на својата ѕвезда.

Јасно е дека „Кралевите“ нема да се откажат и според францускиот портал „Ле10спорт“, шампионот на Европа следното лето ќе има нова офанзива.

На оваа тема изминатиов период Реал Мадрид разговарал со таткото на Нејмар, кој се грижи за интересите на напаѓачот, и двете страни начелно се договориле за трансфер во 2019.

Сепак и понатаму останува потешката задача, односно Флорентино Перез да се договори со Насер Ал Келаифи и ПСЖ да прифати продажба.

Секако, суште е рано за да се започнат конкретни преговори, па се очекува слични вакви стории да се појавуваат и во следните месеци.