24фудбал

Шпанија сака да организира Европско или Светско првенство

Шпанија планира да поднесе кандидатура за организација на големо натпреварување, Европско во 2028 или Светско фудбалско првенство во 2030 година.

Шпанија

Медиумите од оваа земја пишуваат дека Шпанија сака да биде домаќин на Европското првенство 2028 година или Светското две години подоцна и за тоа веќе превзема конкретни чекори.

Кандидати за организација на Европското првенство се Турција и Германија, одлуката за тоа кој ќе биде домаќин УЕФА ќе ја соопшти на 27. септември, а потоа ќе почнат да пристигнуваат кандидатури за континенталниот шампион во 2028.

Познат е домаќинот на Мундијалот во 2026 година, тој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, тие го победија Мароко во битката за организација. Наскоро треба да се комплетираат и кандидатурите за СП 2030 година.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез и претседателот на РФЕФ, Лус Рубиљас веќе почнаа да лобираат за да добијат некое големо натпреварување.

Шпанија досега има организирано едно Европско првенство, во 1964 година, и едно Светско во 1982 година.