24фудбал

Јаховиќ „распали“ по ФФМ (ФОТО)

Македонскиот голгетер со порака на социјалните мрежи го впери прстот кон Куќата на фудбалот во нашата земја, тој се осврна на неможноста да се најде во конкуренција за најдобар во нашиот фудбал.

Македонија

31 годишниот македонски интернационалец од редовите на турскиот суперлигаш Коњаспор, Адис Јаховиќ од поодамна не е во комбинација за настап во нашиот национален состав, напаѓачот имаше бурни реакции во јавноста откако и покрај фактот што беше еден од најдобрите во најсилниот турски фудбалски шампионат, не добиваше адекватна прилика во националниот тим.

Јаховиќ повторно го впери прстот кон Куќата на фудбалот во нашата земја откако беше номиниран за најдобар напаѓач во Турција за минатата сезона.

Е моја македонска федерацијо, можеш да замислиш дека во толкава Турција со 84 милиони луѓе, Адис Јаховиќ е повикан како гостин и конкурент за најдобар напаѓач за сезоната 2017/18 во Суперлигата на Турција, а во Македонија не сум ни гостин, а камо ли да бидам во конкуренција за нешто од минатата сезона со 19 голови и 5 асистенции, или вкупно за две сезони, 41 гол и 12 асистенции. БРАВООО“ напиша Македонецот.