24фудбал

Каталонскиот дуел помеѓу Барселона и Џирона нема да се одигра во САД

Каталонското дерби помеѓу Барселона и Џирона можеше да се одигра во Соединетите Американски Држави, поточно на Флорида, но, до тоа нема да дојде.

Шпанија

Првиот човек на шпанскиот фудбал, Луис Рубиалес имал средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, сите тие донеле одлука да се одбие барањето тој меч да се одигра во САД, тврди Марка.

Од Куќата на фудбалот во Шпанија сметаат дека во случај тој меч да биде одигран вон таа земја, сето тоа би направило голема штета врз лигата, а тоа воопшто не би било во интерес на фановите и фудбалерите, од друга страна пак, од ФИФА веруваат дека со тоа бизнисот се става над фудбалот’.

Со идејата не беа среќни ниту властите во Шпанија, од поодамна прашањето за независност на Каталонија е топ тема, а се смета дека сево ова само би ја раширило идејата за такво нешто, особено со фактот што два каталонски клуба се инволвирани.

Џирона и Барселона, како и генерално целата Примера побараа дозвола од Куќата на фудбалот во Шпанија но одговор не добија, најавите не се позитивни и оптимистички за обата клуба.