24фудбал

Ѓошевски воведува скаутинг платформа: Само 1% од нашите фудбалери прават трансфери во странство, тоа е поразително

Ѓошевски веќе успешно чекори низ менаџерските води на фудбалот, веќе има неколку успешно реализирани трансфери, има познати имиња зад неговото име за македонската фудбалска сцена, а тој гостувајќи во „1ТВ“ говореше за новитетот кој го воведе во нашата земја.

Македонија

Поранешниот Вардарец, Никола Ѓошевски, кој беше дел од онаа генерација на црвено-црните која беше на прагот да испише историја со пласман во групите во Лигата на шампионите за сезоната 2002/03, воведе скаутинг платформа во нашата земја со чија помош фудбалерите ќе бидат следени како од странски, така од домашни клубови.

Идејата е и повеќе од потребна на нашиот фудбал, вели тој, заклучокот бил дека во еден таков недостаток кај македонските клубови на скаутинг систем, нашите фудбалери се недоволно следени од странските, па дури и домашните клубови.

Скаутинг платформата како идеја се појави како потреба на македонскиот фудбалски пазар, од аспект на тоа каде живееме, што му е потребно на нашиот фудбал, со оглед на нашето искуство, дојдовме до заклучок дека ова му е потребно на македонскиот фудбал, поради тоа што, едноставно, странските скаути не доаѓаат во Македонија, нашите клубови немаат скаутинг департмент, кој можеби е и основа во клубот во одлучувањето кои фудбалери да се ангажираат, во еден таков недостаток, сметам дека нашите фудбалери недоволно се следени од странските клубови, дури и од домашните, оваа новина ја воведуваме на еден модерен начин, да бидат следени нашите фудбалери“ потенцираше првиот човек на „Спортс Менаџмент Консалтинг во гостувањето на „1ТВ“.

Менаџерството во мојата компанија е само една од услугите кои ги нудиме, ние нудиме и адвокатски а воедно и маркетингшки услуги кон нашите фудбалери, тие треба да се едуцираат, имаат потреба од такви услуги. Во Македонија постојат повеќе успешни менаџери, не сме само ние. Менаџерите во денешно време се најмалку важни во еден трансфер, важни се, но, не и најважни, тоа се фудбалерите, ние секогаш наведуваме дека пресуден е талентот и квалитетот на фудбалерот. Фактот е следен, само 1% од фудбалерите во Македонија прават трансфер во странство, тоа е поразително“ додаде Ѓошевски.


Ѓошевски на пристигнувањето на Елиф Елмас во Фенербахче

Агенцијата на Ѓошевски ги застапува правата на бисерот на македонскиот фудбал, Елиф Елмас, а покрај него, услуги од оваа агенција користат и Стефан Спировски, Висар Муслиу, Дени Илиев, како и Иван Тричковски, во нивно друштво е и поранешниот Вардарец, Хуан Фелипе.