24фудбал

Ветувањето од Рајола за Погба

Контроверзниот агент Мино Рајола му дал ветување на Пол Погба кога тој од Јувентус се врати во Манчестер јунајтед.

Англија

Според англиските медиуми, Рајола во 2016 година му рекол на Погба дека престојот во Манчестер јунајтед ќе му биде само привремен, по три години ќе го однесе во Шпанија каде ќе потпише за Барселона или Реал Мадрид.

Оваа сезона е третата на Погба во јунајтед, а тоа значи дека ако Рајола го исполни ветувањето дадено кон фудбалерот, тој во следниот летен трансфер период ќе се пресели во Шпанија.

Овој трансфер би бил реален бидејќи Погба и овој преоден рок постојано се поврзуваше со заминување во некој од шпанските гиганти. Интересот на Барса дојде доцна, Манчестер јунајтед немаше време да најде соодветна замена, па не ни сакаше да ги слуша понудите за својот фудбалер.

Јунајтед уште сега ќе може да размислува за замена на Погба, па ситуацијата следното лето ќе биде сосема поинаква. Но тие нема да прифатат понуда помала отколку што му платија на Јувентус кога го срушија рекордот на трансфер пазарот.