24фудбал

Статистичарот Мурињо со нова лекција за новинарите: Овие две минути ги одвојувам само за фановите!

„Специјалниот“ одново беше во елемент на денешната прес конференција и влезе во нова војна со медиумите, Жозе Мурињо со детална статистика им објаснуваше како ширеле нови лаги

Англија

Португалецот не се „мириса“ премногу со дел од новинарите и стручните коментатори, па на денешната прес конференција влезе во нова војна. Причина за тоа беа сториите дека Маркус Рашфорд не добивал доволна минутажа, и советите до младиот Англичанец дека можеби е најдобро да го напушти Олд Трафорд.

„Кога е во прашање Маркус Рашфорд, можам да очекувам во недела нова бура критики поради тоа што нема да го играм утре, бидејќи дел од момците се опседнати со мене, а дел од нив имаат и потреба да лажат“ – вели Жозе Мурињо.

„Можам да очекувам дека некои од нив кога ќе се разбудат во недела прво нешто на што ќе помислат е Жозе Мурињо, па можам да замислам дека во недела ќе бидам критикуван поради тоа што не сум го играл Маркус Рашфорд. Но не сум виновне за тоа, играчот е суспендиран, па не заборавајте да ги потсетите дека Маркус е суспендиран и не може да игра“.

„Ќе сторам нешто, не за вас, туку за фановите на Манчестер јунајтед. Мислам дека имам должност кон фановите на Манчестер јунајтед па затоа ќе ги потрошам овие две минути со вас“.

„Во сезоната 2016/17, Маркус Рашфорд одиграл 32 меча од Премиерлигата, 11 од Лига Европа, помеѓу кои и финалето, три меча од ФА Купот, шест во Лига Купот, вклучувајќи го и финалето а настапи и во Комјунити Шилд. Забележа 53 настапи, а доколку сакате да ги преточиме во минути, одиграл 3.068 минути.

„Во сезоната 2017/18, одиграл 52 меча или 2.676 минути. Па во две сезони има 105 настапи и 5.774 минути, помеѓу кои и пет финалиња. Па мислам дека луѓето кои критикуваат се малку збунети“.

Жозе Мурињо оваа прилика ја искористи и за да упати провокација до ривалите од Премиерлигата, пред се Ливерпул и Челси.

„Маркус не е ниту Доминик Соланке, ниту Рубен Лофтус Чик, ниту Доминик Калверт Левин. Тој е Маркус Рашфорд, фудбалер на Манчестер јунајтед со огромен број на настапи и огромна минутажа на највиско ниво во најсилните натпреварувања. Па навивачи на Манчестер јунајтед, за вас и само за вас, да знаете што правиме со Маркус, Лук Шо, Џеси Лингард, Скот Мектоминеј...“

„Дел од овие лица кои критикуваат земаат две плати, работат и за клубови не се неутрални и ги тераат работите во насоката која тие ја сакаат, и ова е очигледно. Иако не е етички, ова е нормално во денешно време и јас тоа го прифаќам. Но жал ми е за оние кои кога ќе се разбудат наутро прво помислуваат на Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед. Во животот има многу повозбудливи работи“.

„Најважно е тоа што Рашфорд е добро момче, добар играч, знае што Манчестер јунајтед направи за него, од почетокот во академијата, потоа под закрила на господинот Ван Гал, сега под мое водство. Клубот му дава поддршка, нов договор, нов број на дресот... Јас го одбирам за секој меч. Откако сум тука, ниту еднаш не сум го изоставил, бил надвор од тимот само доколку е повреден или суспендиран. Тој го знае ова и тоа е најважно“.