24фудбал

Интер со голот на Пандев против Баерн го најави враќањето во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Интер по подолго време се враќа во Лигата на шампионите, а најубавите спомени од ова натпреварување ги има кога за нив играше и Горан Пандев.

Лига на Шампиони

Сезоната по освојувањето на Европската круна, Интер имаше еден посебен натпревар против Баерн во Минхен. Губеше со 2-0, а на крајот победи со 3-2.

Победничкиот гол го постигна нашиот капитен, Горан Пандев. По асистенција од Ето, Македонецот перфектно ја пласираше во мрежата на Баерн за голем триумф на неговиот тим.

Интер токму со голот на Пандев на социјалните мрежи го најви враќањето во ЛШ.