24фудбал

Доколку го преземе кормилото во Манчестер јунајтед, Зидан има желба број еден која доаѓа од Атлетико Мадрид

Францускиот стратег од поодамна се најавува како наследник на Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед, Португалецот е под притисок и веќе на големо се шпекулира дека Зидан ќе го замени на таа позиција, тој наводно веќе има желба број еден за засилување на тимот од Олд Трафорд.

Англија

Гризман беше една од големите желби на Јувентус за изминатиот летен преоден рок, но, францускиот офанзивец се реши да остане во Атлетико Мадрид, неговата иднина се поизвесно е во шпанскиот прволигаш, обид имаше и Барселона, но истиот пропадна летово.

Според информациите кои ги објави „Le10Sport“ доколку Зинедин Зидан го преземе кормилото на Манчестер јунајтед, неговата прва цел како засилување е токму Антоан Гризман, Жозе Мурињо се соочува со голем притисок од јавноста, а неговото појавување на пресконференциите постојано го користи да ги демантира медиумите за тоа што го пишуваат.

Доколку Мурињо добие отказ од клупата на тимот од Олд Трафорд, од поодамна се споменува Зидан како негов наследник на таа позиција, францускиот фудбалски стратег беше доста успешен на кормилото на Реал Мадрид освојувајќи три титули во Лигата на шампионите.