24фудбал

„Борусија Дортмунд во јануари ќе дојде во Фенербахче со астрономска понуда за Елмас“

Интересот за бисерот на македонскиот фудбал од ден на ден расте, европските гиганти влегуваат во една мошне голема битка за драгоцениот потпис на нашиот млад интернационалец, се шпекулира дека скаути за следење на Елмас испратил и Манчестер јунајтед.

Македонија

Елиф Елмас изминатиов период е топ тема низ турската фудбалска јавност, причина за тоа е фактот што младиот 18 годишен македонски репрезентативец со своите фантастични настапи и потврда на раскошниот талент кој го поседува, веднаш го привлече вниманието кај повеќето европски гиганти.

Турските медиуми на големо пишуваа за тоа дека на мечот помеѓу младинските селекции на Македонија и Ерменија имало неколку скаути кои биле ангажирани со свои очи да се уверат во квалитетите на нашиот млад интернационалец, а извештајот кој пристигнал во Борусија Дортмунд бил и повеќе од позитивен.

Скаутите на Борусија Дортмунд кои го проследија мечот помеѓу Македонија и Ерменија, дале позитивни оценки за играта на Елиф Елмас во нивниот извештај, германскиот тим ќе дојде во Фенербахче со астрономска понуда во текот на јануарскиот преоден рокпишува „Фанатик“.

Германските медиуми пак, наведуваат дека Македонецот е главна желба на Лусијан Фавре, шефот на стручниот штаб на Милионерите за следниот преоден рок за трансфери предвиден во јануари.