24фудбал

Првиот човек на ПСЖ го почитува Реал Мадрид, но, нема да толерира задкулисни игри за Нејмар

Насер Ал-Келаифи потенцираше дека постои добар однос со Реал Мадрид, вели дека во таа насока треба и обата клуба да продолжат, се надева дека не постојат задкулисни игри за потписот на првата ѕвезда на ПСЖ, доколку постојат, тој нема да толерира такво нешто.

Франција

Претседателот на Париз Сент Жермен призна дека постојаните шпекулации низ медиумите кои го поврзуваат Нејмар со трансфер во Реал Мадрид наскоро, не е баш пријатна тема во францускиот клуб, го истакна добриот однос со шпанскиот клуб, но, потенцираше дека задкулисни игри нема да толерира.

Не е пријатна ситуацијата на таа тема, ние веќе говоревме за Реал Мадрид, ниту еден клуб не смее да зборува за нашите фудбалери зад нас, тоа дава слика дека постои одредена работа која е завршена зад сцените, тоа е недозволиво“ истакна Келаифи.

Го почитуваме Реал Мадрид, и нивниот претседател, Флорентино Перез, но, истовремено се надеваме дека тие го имаат истото чувство и кон нас, се работи за една добар однос помеѓу обата клуба, тоа го посакуваме со сите, не само со Реал Мадрид, дијалогот е потребен, но, задкулисни игри и тактики не е во ред да се користат“ додаде тој.